Со пуштање во употреба на последната мала хидроелектрана „Белица 1“ од изворите во Струшко денес е заокружен системот од 5 хидроелектрани во охридско-струшкиот регион, инвестициски проект на компанијата „Фероинвест“, со јавно приватно партнерство со меѓуопштинската „Проеква“, тежок 7,3 милиони евра. Покрај користење на новите обновливи извори на енергија, согласно енергетската стратегија на ЕУ, со новите 15 километарски цевководи, протокот на вода за пиење е зголемен за два пати, со што се решава проблемот со водоснабдување во двата најголеми туристички центри во државава. Моментално се наоѓаме во електраната „Белица 1“, со инсталирана снага од 1 мегават. Инаку сите пет електрани, заедно имаат инсталирано снага од 3 мегавати, што отприлика е доволно да се снабди со електрична енергија еден помал град во Македонија. Првите мали хидроелектрани на локалната заедница треба да и овозможат заштеда од 100 до 150 илјади евра, и во следните 40 години финансиска добивка во износ од 31 процент во Охрид и 18 проценти во Струшко.
Со пуштање во употреба на последната мала хидроелектрана „Белица 1“ од изворите во Струшко денес е заокружен системот од 5 хидроелектрани во охридско-струшкиот регион, инвестициски проект на компанијата „Фероинвест“, со јавно приватно партнерство со меѓуопштинската „Проеква“, тежок 7,3 милиони евра.
Покрај користење на новите обновливи извори на енергија, согласно енергетската стратегија на ЕУ, со новите 15 километарски цевководи, протокот на вода за пиење е зголемен за два пати, со што се решава проблемот со водоснабдување во двата најголеми туристички центри во државава.
„Моментално се наоѓаме во електраната „Белица 1“, со инсталирана снага од 1 мегават. Инаку сите пет електрани, заедно имаат инсталирано снага од 3 мегавати, што отприлика е доволно да се снабди со електрична енергија еден помал град во Македонија“, изјави Кочо Анѓушев, генерален директор на „Фероинвест“.
Првите мали хидроелектрани на локалната заедница треба да и овозможат заштеда од 100 до 150 илјади евра, и во следните 40 години финансиска добивка во износ од 31 процент во Охрид и 18 проценти во Струшко.